ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Металург Автокоманда на двобој со Вардар

Денеска со натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Астибо ќе биде отворено второто коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Актуелниот шампион, кој во првото коло убедливо славеше над Чаир, се очекува да оствари нова рутинска победа.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Астибо ќе се одигра со почеток од 12:00 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“.

Амбициозниот Металург Автокоманда ќе се соочи со тимот на Вардар и на овој натпревар се очекува да има голема неизвесност.

Вардар во претходното коло одигра реми со Куманово, додека избраничките на Јулијана Дамчевска беа убедливи на гостувањето во Штип кај Астибо.

Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Вардар е закажан за 12:30 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Македонско сонце“.