Ракометарите на Тиквеш и Куманово со натпреварот во „Јасмин“ вечерва ќе го затворат третото коло во Супер лигата.
Кавадарчани немаат победа од стартот на сезоната на четири меча, два европски и два домашни, па сигурно ќе бидат мотивирани за прв триумф.
Натпреварот во Кавадарци се игра од 19:30 часот, а покрај овој дуел во центарот на вниманието ќе бидат уште четири натпревари од Лигата на шампионите.
Поранешниот европски првак Магдебург ќе гостува кај данскиот Алборг, додека хрватскиот Загреб ќе биде на тежок испит во Норвешка.
Најинтересно се очекува да биде во Келце, каде гостува европскот шампион Барселона, додека Веспрем исто така е на незгодно гостување во Лисабон кај Спортинг.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:30 ТИКВЕШ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:45 АЛБОРГ – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КОЛСТАД – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КЕЛЦЕ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 СПОРТИНГ ЛИСАБОН – ВЕСРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КАДЕЕН ШАФХАУЗЕН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)