ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува новото суперлигашко коло со дуели во Кавадарци и Скопје

Денеска со две средби во Скопје и во Кавадарци ќе стартува 10 суперлигашко коло, последно пред ЕХФ неделата.

Во Кавадарци, тимот на Тиквеш ќе бара нова победа што ќе го искачи на табелата и ќе му ја подигне самодовербата по лошиот старт на сезоната.

Избраниците на Кристијан Грчевски за ривал ја имаат Струга, која знае да биде незгоден ривал, но исто така има серија порази.

Во Автокоманда, кај „сино-белите“ ќе гостува составот на Куманово, а големи фаворити на овој дуел се домашните.

Низ Европа, настапи ќе имаат македонските интернационалци – Мартин Томовски, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Димитар Димитриоски, Мартин Карапалевски, Леонида Гичевска, Јована Кипријановска…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 АЛКАЛОИД – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТИКВЕШ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЛАДА ТОЉАТИ – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
18:45 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
19:00 ГЕПИНГЕН – ПОТСДАМ (ГЕРМАНИЈА)
20:00 НАНСИ – КУРНОН ДОВЕРЊ (МАКЕДОНИЈА)
20:30 ВАЉАДОЛИД – ЛА РИОХА (ШПАНИЈА)
20:30 САМБР АВЕНУА – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)