ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува главната фаза во ЛЕ, но без македонски претставници

По двомесечната пауза, денеска продолжуваат натпреварите во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа.

Како што е познато, во главната фаза пласман обезбедија 16 екипи, меѓу нив сѐ и српскиот шампион Војводина, потоа хрватскиот вицепрвак Нексе и словенечкиот Горење Велење.

Во главната фаза нема да има претставници од Македонија, бидејќи елиминиран беше вицепрвакот од Автокоманда, кој не успеа да ја мине групната фаза, а Филип Талески со Бенфика и Бојан Маџовски со Ловќен беа далеку од пласман во ТОП 16.

Германија има најмногу претставници во главната фаза, четири, потоа Романија и Данска по два, додека Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија, Португалија, Полска, Франција и Шведска имаат по еден претставник.

Како главен фаворит за освојување на првото место се истакнува актуелниот бранител на титулата, тимот на Фуксе Берлин, како и неговиот главен конкурент од домашниот шампионат – Фленсбург.

На денешната програма ќе има четири дуели во терминот од 18:45 часот и четири дуели во терминот од 20:45 часот.

Распоред на денешните натпревари:

Група А
Хановер – Нант 18:45ч
Горњик Забже – Рајн Некар 20:45

Група Б
Скјерн – Горење 18:45ч
Нексе – Савехоф 20:45ч

Група Ц
Кадетен – Војводина 18:45ч
Фленсбург – Силкеборг 20:45ч

Група Д
Констанца – Фуксе Берлин 18:45ч
Спортинг – Динамо Букурешт 20:45ч