Денеска ќе се одиграат последните две средби за оваа сезона, по што ќе биде спуштена завесата на сите натпреварувања под капата на РФМ.
Од 17:30 часот во салата „25 мај“ во Радовиш во женскиот бараж за Супер лига ќе се соочат екипите на Пелистер и Ѓорче Петров 2.
Станува збор за тимови во кои доминираат млади ракометарки, па нема фаворит пред стартот на натпреварот и се очекува интересна пресметка.
Од 19:00 часот во салата „Антон Димитров“ во Бутел во машкиот бараж за Супер лига ќе се сретнат екипите на Младост Богданци и Струга.
Богданчани беа на чекор до директен пласман во елитата, но еден кикс беше доволен за да пропуштена таа шанса и сега ќе мораат по потешкиот пат.
Стружани исто како и лани, така и сега ќе мораат преку бараж да го обезбедуваат опстанокот во суперлигашката конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2
19:00 СТРУГА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

























