Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Азербејџан во рамките од претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024.
Македонија на дуелот во Баку е голем фаворит и се очекува избраничките на Кристијан Грчевски да дојдат до третата победа во квалификацискиот циклус.
Со двете освоени победи, гостинската против Литванија и домашната против Азербејџан, македонската репрезентација практично е пласирана на континенталниот собир.
Пласман од квалификациската група на Македонија обезбеди и репрезентацијата на Шпанија, која досега има 100% учинок.
Во последното квалификациско коло, кое ќе се одигра за неколку денови, односно на 7 април, нашата репрезентација на свој терен ќе ја пречека Литванија и токму во недела ќе го прослави пласманот на ЕП.
Денешниот дуел меѓу репрезентациите на Азербејџан и Македонија ќе се одигра со почеток од 15:00 часот.
Распоред на денешните квалификациски натпревари:
15:00 АЗЕРБЕЈЏАН – МАКЕДОНИЈА
15:00 ТУРЦИЈА – ЦРНА ГОРА
16:00 БУГАРИЈА – СРБИЈА
17:00 ГРЦИЈА – ХРВАТСКА
18:00 ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
18:00 ЛИТВАНИЈА – ШПАНИЈА
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – ИСЛАНД
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ШВЕДСКА