ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија против Косово на Медитеранско првенство

|
10:59
Share on Facebook

По ден пауза, машката кадетска репрезентација се враќа во акција на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.

Избраниците на Горан Кузманоски ги чека пресметка со Косово, на која мора да слават да останат во трка за третата позиција зад Египет и Шпанија кои се далеку напред.

Денеска ќе има и три натпревари на македонските терени во две конкуренции. Во Првата машка лига, Вардар Неготино ќе ја пречека Преспа и ќе биде фаворит за бодови.

Во Супер женската лига ќе се играат два меча. Вардар го пречекува Астибо, додека Куманово ќе игра со учесникот на Ф4 во Купот, Пелистер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 МАКЕДОНИЈА – КОСОВО (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
19:00 ВАРДАР – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

Share on Facebook

Македонски нокаут за Грција

Авор: Душко Андов
| 14 април 2026
14:45
Share on Facebook

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше убедливо против Грција со 28-20 (4-1 во поени) во четвртото коло од Медитеранското првенство.

Напорниот ритам и четири меча за триесетина часа (Македонија е единствена селекција со четири меча во два дена), си го зема данокот. Нашите момци се помачија во првиот и вториот период, кога беше реми, 9-9, 9-9, но во третиот покажаа кој е кој и убедливо го надиграа противникот, 10-2.

Македонија сега на некомплетната табела по четири меча е на второто место со 10,5 бодови зад Египет кој има 13. Утре е слободен ден за македонските кадети, в четврток е дуелот со Косово, додека в петок пресметката со Романија, а в сабота мечот за пласман.

Натпреварите на овој шампионат се игра во три третини по 15 минути, се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа.

Првиот период заврши реми, 9-9, откако примивме гол во последните секунди, а да не беше голманот Трсунов, можевме и да го загубиме. На стартот на вториот период , јужниот сосед успеа да искористи неколку наши грешки и се одлепи на 14-11 и 15-12, но полека Македонија се враќаше во игра. Костов израмни на 15-15, по што избраниците на Горан Кузманоски промашија два напади за водство.

Грција казни и одново поведе со два гола, но средниот бек Ѓорѓиевски двапати го наје патот до мрежата на ривалот и во последните секунди Македонија израмни на 18-18, односно 9-9 во вториот период.

Во третата третина доминираше Македонија, Трсунов одбрани во серија, Грците останаа со двајца помалку на терен, погодија Ѓеоргеивски и Петрески за 23-19 и веќе немаше назад за јужнот сосед. Македонската одбрана блескаше на чело со Трсунов, нападот имаше повеќе решенија и тоа резултатираше со само два примени гола, а десет постигнати за конечна победа со 28-20.

Share on Facebook

🎥 Илиќ со „сто раце“ – има ТОП 5 одбрана на колото!

Авор: Душко Андов
| 13 април 2026
19:39
Share on Facebook

Share on Facebook

ЅВЕЗДА НА 20. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – ЕМА КИРОВА (ЧАИР)

Авор: Editor
| 15 април 2026
11:33
Share on Facebook

Голманката на екипата на Чаир, Ема Кирова, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 20. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу клучните ракометарки за победата, откако спаси пенал за реми по истекот на времето.

Кирова го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 78% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 20. коло беа уште и членките на Спартак и Ѓорче Петров, Сузана Зечевиќ и Марија Гугуљанова.

Share on Facebook

Караванот на РФМ доаѓа во Струмица – еве кога ќе биде дружбата со најмладите

Авор: Душко Андов
| 14 април 2026
12:37
Share on Facebook

Ракометната федерација на Македонија го продолжува ракометниот караван кој веќе успешно беше реализиран во Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Богданци и Куманово.

Следниот град што ќе го пречека караванот е Струмица. Настанот ќе се одржи на 18 април во спортската сала „Парк“, со почеток во 12:00 часот.

Како и досега, целта на караванот е да го доближи ракометот до најмладите генерации, да ја зголеми неговата популарност…

Специјални гости на ова издание на караванот ќе биде селекторот на пионерите Никола Матлиески, некогашната репрезентативка Милева Велкова и некогашниот тренер на Струмица, Ванчо Трендафилов.

Share on Facebook

Атлетик и натаму на максимум

Авор: Душко Андов
| 15 април 2026
14:45
Share on Facebook

Ракометарките на Атлетик ја продолжија победничката серија во прволигашката конкуренција откако славеа против Овче Поле СУ со 42-24, откако и на полувремето водеа со 19-13.

Во натпреварот од 21 коло, избраничките на Татјана Хмирова прославија 17 триумф и сега имаат максимални 34 бодови.

Овој дуел беше како многуте на Атлетик оваа сезона кога идниот член на суперлигашкото друштво уште по првиот дел ја обезбедува победата, а вториот е само формалност и одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Анастасија Величковска со осум и Сара Богојеска со седум гола, додека кај Овче Поле СУ се истакнаа Елена Вучевска со осум и Анастасија Сентовска со пет погодоци.

Во следното коло Атлетик е слободен, додека тимот од Свети Николе ќе гостува кај Ѓорче Петров 2.

Share on Facebook