„Сино-белите“ од Автокоманда предводени од Кирил Лазаров денеска го играат првиот натпревар од полуфиналето на Европскиот Куп.
Гостин во Автокоманда е норвешкиот Рунар Сандефјорд, кој доаѓа во Македонија по елиминацијата во четвртфиналето на домашното првенство од Арендал.
„Ранетиот лав“ предводен од легендарниот Бјарте Мирхол не е состав од врвот на норвешкиот ракомет, па македонскиот претставник ја има фаворитската улога во овој двомеч.
Овој дуел се игра денеска во салата во Автокоманда од 19:00 часот, а на европската сцена има и две средби од Лигата на шампионите.
Во најинтересниот двобој, романскиот ЧСМ Букурешт го пречекува данскиот Есбјерг, додека Ференцварош ќе се соочи со вториот дански клуб во оваа фаза, Оденсе.
Настапи со своите клубови ќе имаат Моника Јанеска Килдан (Трабзон), како и Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски (Ваљадолид)
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 АЛКАЛОИД – РУНАР САНДЕФЈОРД (ЕВРОПСКИ КУП)
14:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – ЕСБЈЕРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 ОДЕНСЕ – ФЕРЕНЦВАРОШ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
16:00 ТРАБЗОН – ЈЕНИМАЛЕ (ТУРЦИЈА)
20:00 ВИЉА ДЕ АРАНДА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА