ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби за титула кај дамите, битолчани бараат рехабилитација по скопскиот пораз

На домашната сцена во центарот на вниманието ќе биде натпреварот од Супер женската лига меѓу Чаир и Ѓорче Петров.

За домаќинките нема друг избор освен победа, ако сакаат и натаму да ја продолжат трката за шампионската титула. Дури и така, ќе мора да чекаат уште еден кикс на „лавиците“, кои се први со 43 бодови, а Чаир има 40 на втората позиција. Доколку ѓорчепетровки победат, тогаш ќе може веќе да почнат со славење на четири кола до крајот.

Ѓорче Петров нема ниту еден пораз оваа полусезона, го освои трофејот во Купот на Македонија, но Чаир знае да биде незгоден особено на домашен терен.

Мечот во салата „7 март“ во населбата Чаир ќе стартува од 20:30 часот и се очекува да донесе големи возбудувања.

Покрај овој дуел во Супер машката лига ќе има две средби. Во плеј-офот, Еурофарм Пелистер ќе бара рехабилитација за поразот од Вардар и неполни 24 часа по гостувањето во Скопје ќе го пречека во Битола тимот на Бутел Скопје. Во плеј-аутот, Пролет ќе игра против Радовиш.

На европските терени, Сања Дабевска со Бор ќе игра во шампионатот на Србија, во полуфиналето на плеј-офот, додека во Асобал лигата, Дарко Димитриевски и Аликанте ќе го пречекаат неговиот екс тим Адемар Леон.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРОЛЕТ – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
20:30 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 НАИСА – БОР (СРБИЈА)
20:30 АЛИКАНТЕ – АДЕМАР ЛЕОН (ШПАНИЈА)