Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп.
Натпревари меѓу македонскиот претставник Охрид и унгарската Татабања ќе се одиграат на 24 и 31 мај.
На 24 мај, недела, е дуелот во спортската сала во Татабања со почеток од 17:00 часот, додека реваншот ќе се игра во Охрид.
Тој е закажан за 31 мај, недела, во СРЦ „Билјанини Извори“ од 20:00 часот, кога ќе биде доделен трофејот од ЕХФ Европскиот Куп.
























