Дабевска без грешка, Мицевска и Саздовска со нова убедлива победа

Тимот на Униреа Слобозиа, каде што игра македонската репрезентативка Сања Дабевска, забележа триумф во Втората лига на Романија.

Униреа на домашен терен славеше против Сепси со 23-21, а кружниот напаѓач постигна три гола од три обиди.

Во истата конкуренција, тимот на Слатина каде што играат Јована Мицевска и Јована Саздовска, славеше на гости кај Нептун Констанца со 46-28.

Мицевска имаше осум одбрани од 23 удари кон нејзиниот гол и имаше најдобар индекс на корисност од победничкиот тим, додека Саздовска погоди два пати.