Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова и нејзиниот сопруг Александро Стефановски ќе го паметат засекогаш денешниот датум.
Тие двајца ова лето направија свадбена веселба, откако минатото падна предлогот за браг во турскиот туристички центар Бодрум, а набрзо потоа беше склучен и граѓанскиот брак.
Радоста со двајцата младоженци ја поделија многу поранешни и сегашни ракометари и ракометарки, како и други блиски на брачниот пар.
Македонската голманка долги години го бранеше голот на Металург, пред да започне интернационална кариера.
По Металург беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, австрискиот Егенбург, а сега е дел од Штокерау.