Романскиот шампион ЧСМ Букурешт во следната сезона ќе биде посилен со репрезентативката на Данска, Ана Мете Хансен.
Левиот бек, кој дел од својата кариера ја мина во редовите на Ѓер, во романскиот тим ќе пристигне од Мец.
Со европскиот гигант Ѓер двапати ја освојуваше Лигата на шампионите, во сезона 2017/18 и 2018/19.
Токму во Унгарија ја започна интернациналната кариера, а во својата татковина го носеше дресот на Копенхаген.
Со својата репрезентација на континенталните собири во 2002 и 2024 го освои среброто, додека на Мундијалите во 2021 и 2023 се радуваше на бронзата.
Хансен во ЧСМ Букурешт ќе биде замена за легендарната Кристина Неагу, која најави крај на кариерата.