Како што најави 24Ракомет, амбициозниот тим на Охрид ќе биде посилен со довчерашниот интернационалец Градимир Чаневски.
Искусниот голман по две сезони минати во израелскиот шампионат одлучи да се врати во својата татковина и да ја прифати понудата на охриѓани.
Новиот голман во тимот на Стевче Алушовски со управата на Охрид се договори на двегодишна соработка.
,,После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат”. изјави Чаневски.
36-годишниот Чаневски бранеше во Металург, Вардар Јуниор, Вардар и пет сезони во Еурофарм Пелистер, пред да се пресели во Бутел Скопје, од каде што замина во израелскиот Макаби Ришон.
Охрид освен Чаневски, на голманската позиција ќе ги има на располагање уште Даниел Ѓорѓески и Бобан Ристевски.
Големо засилување за „гладијаторите“: Чаневски две сезони на голот на Охрид!