Ракометарките на Чаир во натпревар од 24. коло од Женската лига одиграа како на тренинг против Гевгелија, триумфираа со 42 гола разлика, 58:16.
Избраничките на Басри Љатифи во првиот дел постигнаа дури 31 гол, а во вториот дел три гола помалку од првото полувреме, односно 28.
До крајот од сезоната треба да се одиграат уште две кола, а тимот на Чаир за последни ривали ги има Шампион и Астибо.
Најефикасна во составот на Чаир беше Леонара Рахмани со 12 погодоци, девет додаде Стефанија Ѓеоргиевска, по осум запишаа Јасмина Попова и Бојана Диневска.
Во таборот на Гевгелија единствено расположена беше Благица Ступар, која во мрежата на гостинките постигна десет погодоци.