„Сино-белите“ од Автокоманда обезбедија пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, откако во финалето од втората група славеа над Бутел Скопје со 23:20.
Избраниците на Горан Кузманоски имаа одличен старт победувајќи со 4:1 во воведните пет минути. Како одминуваше времето „бело-сините“ најавуваа камбек и по негативата од 6:4 успеаја да израмнат на 6:6.Ракометарите на Бутел играа одлично, посебно ги красеше играта во одбраната, која беше надополнета со осум интервенции на Блажески во првите 30 минути.
По нерешените 7:7, составот на Бутел во последните осум минути од првиот дел успеа да воспостави резултатска позитива од еден до два гола предност и не дозволи повторно домаќинот да се врати во игра, па така фуриозниот налет на бутелци на стартот од 4:0 беше клучен за да заминат на пауза со предност од плус два, 10:8.
Тимот на Лазаров на стартот на вториот дел израмни на 11:11, потоа во 36 минута го презеде водството, откако дојде до 14:13. Следуваше игра гол за гол, двете екипи го засилија ритамот на игра, но во последниот период избраниците на Лазаров од 16:16 стигнаа на 20:16 и до крајот водеа со два до три гола разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Мартин Серафимов со девет погодоци, додека кај Бутел се истакна искусниот Димитар Ѓеоргиевски со шест погодоци, пет додаде младиот Дамјан Субашевски.
Куп на Македонија, мажи, рeзултати:
група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Тиквеш – Мулти Есенс 32-28
група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
Бутел Скопје – Алкалоид 20-23
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21-42
Вардар – Голден Арт 37-23
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-32