Бутел го задржа кадетскиот репрезентативец Марко Каевски

Кадетскиот репрезентативец Марко Каевски ја продолжи верноста кон Бутел Скопје, кој и оваа сезона ќе биде дел од суперлигашкиот плеј-оф.

Левото крило потпиша нов договор и ќе остане во тимот на Бутел Скопје најмалку до 2026 година.

Каевски во моментов настапува во младинските категории, а во јануари ќе биде дел од кадетската репрезентација што ќе се бори за место на Европското првенство во Црна Гора.

Претходно Бутел Скопје ја продолжи соработката и со средниот бек Петар Цветковски и уште еднаш покажа дека мисли на иднината.