Бразил обезбеди пласман на ОИ и им се придружи на Франција, Норвешка, Ангола…

Женската репрезентација на Бразил ќе учествува на Олимписките игри 2024 во Париз, откако ги освои Пан Американските игри и си обезбеди олимписки билет.

Бразил во финалето немаше многу проблеми против Аргентина, триумфираше со 12 гола разлика, 30:18.

Во натпреварот за бронзениот медал, селекцијата на Парагвај го совлада домаќинот Чиле со 23:20.

Иако Аргентина не го освои првото место, сепак, ќе игра дополнителни квалификации и таму ќе ја бара шансата за билет за Олимписките игри 2024.

Бразилките се петтиот познат учесник на ОИ следното лето. Таму веќе се пласирани домаќинот Франција, европскиот првак Норвешка, Јужна Кореја која го освои квалификацискиот турнир во Азија, како и Ангола, која победи на квалификацискиот турнир на Африканскиот континент.

До крајот на годинава ќе биде познат уште еден учесник – победникот на СП 2023.

Останати шест ќе бидат познати по квалификациските турнир во март 2024 година, на кои ќе играат 12 селекции од сите континенти.