Чуварот на мрежата Дејан Рикановиќ, по две сезони на голот на Струга, реши ова лето да се врати во татковината.
Тој ќе го брани голот на Криваја Завидовиќи од Босна и Херцеговина, со која се обврза на едногодишна верност.
Рикановиќ, кој имаше одлични партии за Струга во македонската Супер лига, потекнува од Локомотива Брчко каде бранеше до 2021 година.
Потоа мина една сезона во Катар Спорт Клуб, пред да дојде во Македонија, каде остана две сезони.