Браќата Илиевски на нова евро-задача, ќе судат два меча од Европскиот Куп

Продолжува низата на судење на натпревари за браќата Методија и Михајло Илиевски на европска сцена.

Последниот македонски пар што доби ЕХФ значка, доби нова задача во третата рунда од машкиот Европски Куп.

Битолчаните ќе го судат двомечот меѓу словачкиот вицепрвак Татран и исландскиот Афтурелдинг што ќе се игра во Прешов.

Првиот натпревар е на програмата на 24 ноември од 18:00 часот, додека вториот дуел е на 26 ноември во истото време на истото место во „Татран Арена“.