Од денеска до понеделник на терените низ Македонија ќе бидат одиграни 16 натпревари во сите младински првенства. Кадетките завршија, младинките го добија шампионот, но останува да одиграат уште две кола, а викендов пионерките ќе ги имаат првите четвртфинални средби.
Кај момците, активни ќе бидат сите младински категории. По убедливите победи на првите средби Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, „витамините“ од Автокоманда се веќе на Ф4, додека најинтересно би требало да биде средбата меѓу „сино-белите“ и Вардар.
Во кадетска конкуренција викендов исто така ќе бидат познати патниците на завршниот турнир. Таквиот пласман веќе можат да го слават „витамините“ од Автокоманда и Пролет, а многу блиску до таквата цел се Струга и Еурофарм Пелистер, кои запишаа гостински победи кај Борец ФЛ, односно Охрид.
Пионерите викендов ќе ги играат првите четвртфинални натпревари, а ќе има двојна програма во Автокоманда.
Младинци, четвртфинале, реванш натпревари, распоред:
03/05, 11:00, Еурофарм Пелистер – Пролет (50-29)
03/05, 13:00, Алкалоид – Вардар (26-23)
04/05, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје (27-38)
05/05, 16:00, Мулти Есенс – Скопје (50-26)
Кадети, четвртфинале, реванш натпревари, распоред:
04/05, 11:30, Струга – Борец ФЛ (36-34)
04/05, 18:00, Мулти Есенс – Македонија Ѓорче Петров (44-32)
05/05, 18:00, Еурофарм Пелистер – Охрид (25-22)
05/05, 20:00, Куманово – Пролет (20-32)
Пионери, четвртфинале, први натпревари, распоред:
04/05, 10:00, Мулти Есенс – Вардар
04/05, 11:30, Алкалоид – Аеродром
04/05, 12:00, Тиквеш – Охрид
04/05, 16:00, Динг – Еурофарм Пелистер 2
Пионерки, четвртфинале, први натпревари, распоред:
03/05, 12:30, Вардар – Струга
04/05, 13:00, Младост Богданци – Ѓорче Петров
04/05, 13:30, Јехона – Астибо
Чаир – Металург