Бисинов успешно чекори кон директен пласман во елитата

Денеска со натпреварот меѓу Драчево и Металург РА ќе започне новото, 7. коло во прволигашкиот плеј-оф

Засега непоразен тим во борбата за елитата останува актуелниот лидер Бисинов, кој има 100% учинок, односно 21 бод на свое конто.

Екипата на Младост Богданци моментално е второпласирана со 15 бодови и со евентуален триумф на неделниот дуел против Македонија ЃП би останала во борба за првото место.

По Бисинов и Младост Богданци следуваат Радовиш, Металург РА и Драчево, додека во долниот дел на табелата се наоѓаат Јехона, Македонија ЃП и Шампион.

Тимот на Шампион во досегашниот тек од плеј-оф фазата на шест одиграни натпревари не успеа да освои ни бод.

Табела: Бисинов 21, Младост 15, Радовиш 14, Металург РА 13, Драчево 11, Јехона 7, Македонија ЃП 3, Шампион 0