Бешикташ го бара „охриѓанецот“ Прибетиќ

Турскиот шампион Бешикташ го формира играчкиот ростер, откако го ангажираше Рубен Гарабаја на тренерската позиција.

Откако клубот се засили со ракометари од Вардар и Еурофарм Пелистер, турските медиуми пишуваат дека постои интерес и за кружниот напаѓач на Охрид, Џанфранко Прибетиќ.

Хрватскиот интернационалец дојде на полусезоната од бундеслигашот Штутгарт во Охрид и го освои трофејот во Купот на ЕХФ со македонскиот тим.

Бешикташ претходно се засили со Богдан Радивојевиќ и Мигел Еспиња, а дојде и средниот бек Ел Корчи од Бенфика.