Бенфика го носи и Вајлупов од Веспрем

Покрај Реине Табоада, португалската Бенфика за наредната сезона носи уште едно звучно име, пишува „Handball Basse“.

Станува збор за десното крило на Веспрем, Никита Вајлупов, кој ќе си замине од Унгарија една година пред истекот на договорот.

Веспрем го има Маргуч на таа позиција, од лето доаѓа и Лен од Монпелје, па Вајлупов реши дека најдобро ќе биде да побара друга средина.

Меѓу можните засилувања за португалскиот тим се споменува и десниот бек на Динамо Букурешт, Станислав Кашпарек.