Белгија не им одобри азил на ракометарите од Бурунди – ги врати назад во Хрватска!

Кадетските репрезентативци на Бурунди, кои за време на Светското првенство во Хрватска исчезнаа, па потоа беа најдени во Белгија, се вратени на хрватска територија.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, на осум репрезентативци не им бил одобрено азил во Белгија, бидејќи Хрватска била одговорна за процедурата за азил според европските правила и се вратени назад од почетната точка на влезот во ЕУ.

На двајцата останати од репрезентативците им било наредено во најкраток можен рок да ја напуштат територијата на Белгија.

„Хрватска е одговорна за постапката за азил според европските правила. Нашата земја е под притисок од многу земји. Не е најдобро да мораме да прифаќаме луѓе за кои се одговорни другите земји“, коментираше белгиската државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур.

Десетмина кадетски репрезентативци играа во Хрватска на СП, а пред натпреварот меѓу Бурунди и Бахреин од разигрувањето за пласман на 9 август исчезнаа од студентскиот кампус каде беа сместени.

Откако имаше повеќе полициски акции, дел од нив беа пронајдени во Белгија, каде избегале по потрага за подобар живот.

Пронајдени исчезнатите ракометари од Бурунди!