Европскиот првак Барселона со трофеј ја започна сезоната, откако го освои каталонскиот Супер Куп.
Барселона славеше против Гранољерс со убедливи 52-27, и немаше никакви проблеми да стигне до победата бидејќи ривалот ги штедеше силите за квалификациите за Лигата на Европа.
Покрај трофејот, во „Блауграна“ отидоа и трите индивидуални награди за ракометарите по натпреварот.
Најдобар стрелец беше десното крило Алеиш Гомез, најдобар голман беше прогласен Емил Нилсен, а за МВП беше избран Аитор Арињо.