Балиќ станува селектор на „самураите“?

Дагур Сигурдсон ја напушти Јапонија и ја презема машката репрезентација на Хрватска, а хрватска легенда може да биде негов заменик.

Според пишувањата на „24Сата“, Ивано Балиќ, има понуда да биде селектор на Јапонија, која ја очекува настап на Олимписките игри во Париз на лето.

Балиќ по заминувањето од клупата на хрватската репрезентација се реши за клупски предизвик и се врати во родниот Сплит, а сега одново може да биде во некој национален тим.

Тој не би живеел во Јапонија, туку би одел таму само за репрезентативните акции, а овој факт сигурно ќе му одговара на Балиќ и ќе може да продолжи и со клупската тренерска кариера.