Легендата на Барселона, Аитор Арињо, би можел да го има својот втор клуб во кариерата и да се пресели во Бундес лигата.
Според „RTHandball“, Арињо е на добар пат да го засили бундеслигашот Фуксе Берлин, кој ќе остане без Јери Толбринг.
Арињо има 32 години, потекнува од Барселона и во текот на целата досегашна кариера играше во „Блауграна“.
Почнувајќи од 2004 од младинските категории, па преку Барселона Б, Арињо влезе во првиот тим на каталонците во 2012 година.
Од Барса заминува и второто лево крило Хампус Ване, кој оди во ПИК Сегед, а во „Блауграна“ би требало да дојде Давид Фернандез од Штутгарт.