Откако Гиљермо Милано стана тренер на Вардар, аргентинската федерација мораше да бара нов селектор на машката репрезентација.
Тоа ќе биде 52-годишниот стратег Родолфо Јунг, кој важи за еден од најискусните тренери во јужноамериканската земја.
„По 30 години работа на сите нивоа, сметам дека ја заслужувам оваа шанса. Долго се подготвувам за ова. Нема да биде лесно, но можам да ветам дека ќе работам многу, за да ја кренам репрезентацијата на повисоко ниво. Ќе ни треба време и трпение, за да создадеме конкурентна репрезентација“, изјави Јунг.
Прв голем испит за Јунг ќе биде настапот на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка, а таму Аргентина е во група со домаќинот Хрватска, Бахреин и Египет.