Ангеловски го одржа првиот тренинг, пелистерци спремни за Келце

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го одржа последниот тренинг пред натпреварот со Келце, а прв под водство на тренерот Бранко Ангеловски.

Легендата на битолскиот клуб ќе го води шампионот најмалку на два меча – против Келце во ЛШ и против неговиот поранешен клуб Мулти Есенс во Супер лигата.

Клубот бара долгорочно решение на тренерската позиција, а тоа може да се случи за време на паузата во ЕХФ неделата.

Пелистерци досега имаат пет порази на пет натпревари во елитното натпреварување, а мечот со Келце се игра утре со почеток во 20:45 часот.