Данскиот Алборг по крајот на ерата на Микел Хансен, планираше да почне нова ера, но имаше многу непланирани порази на стартот на сезоната.
Сметката ја плати тренерот Мајк Махула, кој денеска доби отказ од раководството на данскиот шампион.
Тренерската функција ќе ја извршува неговиот досегашен асистент Симон Дал, додека искусниот Хенрик Мелгард ќе има двојна улога – и играчка и ќе му биде асистент на Дал.
Алборг загуби од Колстад во Лигата на шампионите, иако сите очекуваа по триумфот кај Келце во Полска да продолжи победничката серија.
Новиот тренер Дал ќе дебитира вечерва на гостувањето кај Гриндстед.