Алборг без капитенот против Еурофарм Пелистер

Данскиот вицепрвак Алборг остана без капитенот Рене Антонсен за следните шест до осум недели.

Тоа значи дека кружниот напаѓач ќе го пропушти дуелот со Еурофарм Пелистер во Битола од Лигата на шампионите што ќе се игра на 28 февруари.

Антонсен ги повреди лигаментите на левата нога на мечот со Колдинг, кој Алборг го доби со големи проблеми.

Тренерот Мадсен на пикерската позиција ги има Швеѓанецот Јеспер Нилсен, како и Симон Халд.