Новиот, или стариот шампион на Македонија во ракомет, во сабота нема да го добијат пехарот и медалите за освоената титула. Иако вообичаено е веднаш по освојувањето на титулата шампионот да прослави, да му биде доделен пехарот и медалите, тоа овојпат нема да се случи.
Натпреварувачката комисија на РФМ донесе одлука доделувањето на пехарот и медалите да биде друг ден, на локација и во време кога тоа ќе го одреди шампионот.
Според Пропозициите, последното коло, односно двата меча што директно решаваат за титулата, Еурофарм Пелистер – Алкалоид и Бутел – Вардар ќе е играат во ист термин, сабота од 18 часот.
На актуелниот првак му одговара и реми за да може да ја сочува титулата. Вардар пак мора да победи, но и да чека кикс на Еурофарм Пелистер, односно пораз пред домашните навивачи. Во случај на ист број бодови, Еурофарм Пелистер ќе биде шампион бидејќи има подобра меѓусебна гол разлика на дуелите со Вардар.