Поранешниот репрезентативец на Шпанија, кружниот напаѓач Хулен Агинагалде, кој по завршувањето на кариерата стана спортски директор на Бидасоа Ирун, би требало да има нова функција.
Според пишувањата на полските медиуми, 42-годишниот Агинагалде треба да биде асистент во машката репрезентација на Полска.
Како што е познато, нов селектор на Полска ќе биде неговиот сонародник и актуелен член на Бенфика, Хота Гонзалес, кој допрва треба да биде промовиран.
За Агинагалде нема да биде непознаница полскиот ракомет, бидејќи седум сезони го носеше дресот на Келце.
Ракометната федерација на Полска по завршувањето на СП 2025 му врачи отказ на Марцин Лијевски, а неговиот асистент Михал Скорски стана привремено решение на селекторската функција.