АЕК Атина се избори за „мајсторка“ против Олимпијакос

Тимот на АЕК Атина се избори за „мајсторка“ во грчкиот шампионат, откако го доби вториот финален натпревар против Олимпијакос, триумфираше со 25:23 (11:10).

На првиот натпревар, кој што беше одигран на 3 јуни, составот на Олимпијакос забележа идентична победа од 25:23.

Датумот и саатниците за третиот финален натпревар треба да бидат познати во текот на утрешниот ден.

Ланската сезона АЕК Атина ја освои титулата во грчкиот шампионат и избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа.