AЕК уште се засилува – доаѓа и грчки репрезентативец од Адемар Леон

Вицепрвакот на јужниот сосед, АЕК Атина, се чини дека е решен следната сезона да ја врати титула во своите редови.

Тимот од Атина се засили со пивот на националниот тим на јужниот сосед на Македонија, Никос Лиапис.

23-годишниот кружен напаѓач потпиша договор на две сезони, а претходната го носеше дресот на шпанскиот Адемар Леон. Во татковината играше уште за Диомидис Аргус и ПАОК.

Покрај Лиапис, во Атина ова лето пристигнуваат новиот тренер Фредерик Бужан, потоа Стипе Мандалиниќ, Иван Мацкевич, Максимилијан Тике, Лукаш Рогулски и Никола Јукиќ.

АЕК Атина ќе биде дел од јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир од 16 до 20 август.