Лунде сака да си оди, европскиот првак не ни помислува да ја пушти

Претходните денови се појавија низа шпекулации низ норвешките медиуми за можно заминување на Катрин Лунде во ЦСКА Москва.

Сопругот на Катрин Лунде добил неколку понуди од познати руски фудбалски клубови и поради тоа голманката беше најавувана како ново засилување во московската екипа.

Сепак, тренерот на Вајперс Кристијансад, Оле Густав Јекстад за норвешката телевизија „ТВ 2“ изјави дека клубот нема да остане без искусната голманка.

Од актуелниот шампион на Европа нема никаква намера за препуштање на Катрин Лунде во друга екипа, бидејќи има да одработи уште две сезони.

Голманката е во брак со српскиот фудбалер, Никола Трајковиќ кој моментално игра за норвешкиот клуб Флој.

Лунде го носи дресот на Вајперс Кристијансад од 2017 година, а минатата сезона успеа со норвешкиот клуб да ја освои двојната круна во Норвешка, но и Лигата на шампионите.