МЛАДИНЦИ: Бутел го урна шампионот, Охрид ја освои Автокоманда, Дамчевски даде 14 гола

Изминатиот викенд се комплетираше 5 коло во машката младинска лига, во која шампионот го доживеа првиот пораз.

Бутел Скопје беше подобар од „витамините“ од Автокоманда со 35-34, иако гостите водеа во финишот, но домашните направија пресврт во финишот и со голот на Димитар Симовски ги освоија двата бода.

Триото Трајче Костов, Лука Јовиќ и Петар Николоски беа предводници на победничкиот состав со поддршка на голманот Трсунов, додека кај гостите по седум гола дадоа Стефан Ѓеоргиевски, Гораз Дамчевски и Матео Костоски.

Еурофарм Пелистер 2 беше подобар од Илинден со 49-25, а предводник на битолчани беше Андреј Дамчевски со 14 погодоци, додека за гостите Милан Стојевски беше стрелец на шест гола.

Вардар победи со 30 разлика против Еурофарм Пелистер. Тео Радуловиќ постигна десет гола, а по седум пати стрелаа Никола Атанасовски и Огнен Александров, додека Лука Ѓорѓиевски даде шест погодоци за гостите.

Охрид предводен од голманот Матеј Крстески кој имаше 23 одбрани, славеше на гостински терен кај „сино-белите“ од Автокоманда со 41-36. Покрај него, најзаслужни за триумфот се Матео Силјаноски со десет и Христијан Софкоски со 12 погодоци, додека премалку за позитивен резултат на домашните беа 13 гола на Борјан Црцаревски.

На табелата лидер е тимот на Бутел Скопје со „пет од пет“.

Младинци, 5 коло:

Бутел Скопје – Мулти Есенс 35-34
Вардар – Еурофарм Пелистер 52-22
Еурофарм Пелистер 2 – Илинден 49-25
Алкалоид – 36-41

Табела: 1. Бутел Скопје 10, 2. Вардар 8, 3. Мулти Есенс 8….