Чаир ја очекува ждрепката во ЕХФ Купот – еве ги сите можни противници

Тимот на Чаир, кој остана единствен европски претставник на Македонија, ја очекува ждрепката за третото коло од ЕХФ Купот, во кое ќе учествуваат вкупно 32 екипи.

Ждрепката ќе се одржи в среда, на 14 октомври, со почеток во 11:00 часот, а Чаир ќе го дознае името на противникот со кого ќе се соочи во следната фаза од натпреварувањето. Македонскиот тим согласно рејтингот е меѓу 16 екипи во првиот шешир, што значи дека за ривал ќе добие екипа од вториот шешир.

Во второто коло беа одиграни 22 двомеча, по кои победниците обезбедија пласман во следната фаза. Десет екипи, меѓу кои и Чаир, беа директно пласирани во третото коло и своите европски настапи ги започнуваат од оваа фаза.

Можни противници на чаирчанки се Кур од Азербејџан, Синт Труден од Белгија, Бјала од Бугарија, Х71 од Фарските Острови, Анагениси Артас од Грција, Бнеи Херцлија и Макаби Рамат Ган од Израел, Бриксен од Италија, Гарлиава од Литванија, Левалеа од Црна Гора, Квик од Холандија, Алмеида Гарет од Португалија, Рума од Србија, Цуг од Швајцарија, Дунајска Стреда и Слован Дусло Шала од Словачка.

Најважно за Чаир ќе биде да се избегнат двете екипи од Словачка во оваа фаза од ЕХФ Купот, но и холандскиот Квик, односно Х71 поради евентуалното далечно и сложено патување до Фарски Острови.

Одлична ждрепка за Чаир би бил бугарскиот состав Бјала, потоа клубовите од Азербејџан и Белгија, црногорската Левалеа, па и српската Рума. Ако се паднат некој од израелските тимови, тоа по автоматизан ќе значи дека Чаир двапати ќе игра дома, а можен ривал на Чаир ќе биде тимот што оваа сезона го елиминирана Вардар – Бриксен, како и литванската Гарлијава, која лани го елиминира Куманово.

Натпреварите од третото коло се предвидени за 7/8 и 14/15 ноември. Победниците од двомечите ќе обезбедат место во осминафиналето, кое ќе се игра во јануари 2027 година.