Четири Македонки на терен: Петковска и Гакидова со славје во „мак-двобојот“ во Полска!

Тимот на Рух Калиш, каде што играат македонските репрезентативки Драгана Петковска и Ивана Гакидова ја запиша втората победа во полскиот шампионат.

Во „македонскиот двобој“ во Полска, Рух Калиш славеше против Старт Елблаг, каде што играат уште две Македонки – Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска, со 37-36 во драматичен меч.

Петковска беше одлична на голот на Рух Калиш и запиша 11 интервенции, додека Гакидова даде два гола, а исто толку постигнаа Кипријановска и Арсениевска на во поразениот состав.

Во следното коло, Рух Калиш ќе му гостува на Гњиезно, додека Старт Елблаг ќе го пречека Кобержице.