Панчевски даде 11 гола, Драчево Јуниор без проблеми со Јехона

Ракометарите на Драчево Јуниор прославија победа над Јехона со 43-25 и ја продолжи серијата без пораз во прволигашката конкуренција.

Гостите поведоа со 1-0, а по пресвртот за 3-1 на домаќините, до крајот не ја испуштија предноста и во ниту еден момент не и дозволија на Јехона да се надева на нешто повеќе.

На паузата, избраниците на Велимир Настески имаа плус шест, 21-15, а во вториот дел комплетно го наидграа ривалот.

Предводник на Драчево Јуниор беше Виктор Панчевски со 11 погодоци, а десет за Јехона постигна Виктор Трифуноски.