Зечевиќ пред новото дерби: Ќе се издигнеме и ќе ја израдуваме охридската публика!

Претстојниот викед на програмата ќе биде дербито на 6 коло од Супер машката лига меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.

Избраниците на Борис Ројевиќ загубија на претходното дерби со Вардар, а со Еурофарм Пелистер одиграа реми, па со дуелот против тимот на Кирил Лазаров ќе ги комплетираат првите дерби дуели против трите тима од големата четворка.

Гостите од Автокоманда досега остварија пет победи на пет натпревари, но на последниот против Тиквеш на кој се „тресеа“ за цел плен, покажаа низа слабости.

Средниот бек на „гладијаторите“, Никола Зечевиќ, верува дека екипата ќе се издигне по поразот во Скопје минатиот викенд.

„Не очекува уште едно дерби, овој пат против екипата од Автокоманда. После еден тежок пораз во Скопје очекувам и верувам во својата екипа дека ќе се издигнеме и ќе ја израдуваме охридската публика со бодови во сабота, изјави Никола Зечевиќ.

Мечот меѓу Охрид и тимот на Лазаров се игра в сабота од 18:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори.