ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со една промена брка три гола негатива против Бриксен

Европската ракометна федерација ги објави составите на Вардар и Бриксен за реванш натпреварот од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Предводничката на „црвено-црните“, Даниела Новеска, за оваа средба ќе смета на 15 ракометарки што настапија на првиот меч, а направи една промена.

На местото на Симона Миноска, во составот на Вардар ќе биде Мила Николовска, додека кај домаќинот Бриксен, ростерот е истиот од вчерашниот меч.

Првиот дуел го доби Бриксен со 32-29, а денешниот реванш натпревар на кој Вардар формално е домаќин се игра од 18:00 часот во салата на италијанскиот состав.