ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид гостува во скопскиот пекол, вардарки на реванш во ЕХФ Купот

Денеска во центарот на вниманието ќе биде големото дерби меѓу Вардар и Охрид што ќе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 18:30 часот.

Ова е четврта пресметка меѓу овие две екипи, ако се земат во предвид и претсезонските пријателски турнири. Два пати славеше Охрид во финалните дуели на турнирите во Струга и Охрид, додека во Супер Купот победи Вардар.

Од 2016 година па наваму (со Супер Купот), двете екипи одиграле 30 официјални натпревари, а Вардар има дури 29 победи. Минатата сезона Охрид ја запиша првата победа во клупската историја, откако славеше на гостински терен во плеј-офот. „Гладијаторите“ никогаш немаат победено во Скопје.

Покрај големото дерби, во Супер машката лига ќе има уште четири меча во Скопје, Битола и Прилеп, а интересно треба да биде и на пресметката во Прилеп каде ќе гостува Струга.

На прволигашките терени има три меча, додека кај дамите ќе се играат две средби во Супер женската лига. Вицепрвакот Чаир го пречекува Ѓорче Петров 2, додека амбициозниот Спартак гостува во Битола кај Пелистер.

Внимание привлекува и реванш средбата од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп меѓу Вардар и италијанскиот Бриксен, кој се игра од 18:00 часот. На првата средба вардарки пружија силен отпор, па домаќинот дури во финишот успеа да обезбеди предност и да слави со 32-29.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 Чаир – Ѓорче Петров 2 (Македонија)
15:00 Пелистер Спартак (Македонија)
16:00 Мулти Есенс – Младост Богданци (Македонија)
17:30 Еурофарм Пелистер 2 – Куманово (Македонија)
18:00 Вардар – Бриксен (ЕХФ Куп)
18:30 Вардар Неготино – Преспа (Македонија)
18:30 Вардар – Охрид (Македонија)
18:30 Радовиш – Сокол Саса (Македонија)
19:00 Прилеп – Струга (Македонија)
19:00 Алкалоид – Тиквеш (Македонија)
19:00 Илинден – Драчево Јуниор (Македонија)
19:30 Овче Поле – Пролет (Македонија)