Вардарки тренираа во Италија – подготвени за камбекот во Европа

Ракометарките на Вардар пристигнаа во Италија во текот на денешниот ден, а вечерва го одработија единствениот тренинг во салата каде ќе ги одиграат двата меча со италијанскиот тим Бриксен.

Во вторникот изрбраничките на Даниела Новеска ја совладаа Деспина во мечот од 4 коло од Супер женската лига и во победничка атмосфера допатуваа во Италија.

Првиот меч против тимот на Бриксен се игра утре од 19:00 часот, додека реваншот исто така ќе се игра на теренот на Бриксен в сабота од 18:00 часот.

Новеска ќе смета на сите ракометарки што ги има на располагање за оваа сезона, a  домашниот тим има две интернационалки – десниот бек од Словенија, Ника Матавж и Бразилката Каролине Соуза.