По завршувањето на Светското клупско првенство, на кое Веспрем ја освои титулата по убедливата победа над Барселона со 42:33, беше објавен и идеалниот тим на турнирот.
Новите светски клупски шампиони имаат тројца ракометари во Ол-стар тимот. Меѓу најдобрите седум се најдоа десното крило Јанис Лен, левиот бек Ахмед Хешам и голманот Емил Нилсен, кој беше прогласен за МВП на турнирот.
Барселона, која заврши на второто место, исто така има тројца претставници во идеалниот состав. Меѓу најдобрите се најдоа голманот Сергеј Ернандез, левото крило Јан Баруфет и пикерот Лудовик Фабрегас.
Еден ракометар во Ол-стар тимот има и Замалек, кој го освои четвртото место. Признанието за најдобар десен бек му припадна на Ахмед Јусеф.
Последното место во идеалниот состав го зазеде средниот бек на Ал Ахли, Мохамед Хешам, кој имаше значаен придонес во освојувањето на бронзениот медал. Египетскиот тим во натпреварот за третото место го совлада Замалек со 30:25.
Ол-стар тим на клупското СП:
Голман: Сергеј Ернандез – Барселона
Десно крило: Јанис Лен – Веспрем
Десен бек: Ахмед Јусеф – Замалек
Среден бек: Мохамед Хешам – Ал Ахли
Лев бек: Ахмед Хешам – Веспрем
Лево крило: Јан Баруфет – Барселона
Пикер: Лудовик Фабрегас – Барселона
МВП: Емил Нилсен – Веспрем
Најдобар стрелец: Иго Деска – Веспрем, 35 голови

























