Вардар со 46 гола се загреа за евро-двомечот

Ракометарките на Вардар запишаа висока победа на гостувањето кај Деспина со 46-24, во првиот меч од 4 коло во Супер женската лига.

Вардарки по поразот од Чаир се вратија на победничките патеки со лесен триумф во Прилеп што беше најавен уште по првиот дел, 24-12.

Сите ракометарки во гостинскиот состав се запишаа во листата на стрелците, а најдобри беа Ивана Трифуновска со девет и Ања Лашкоска со осум погодоци.

Во составот на Деспина се истакаа Мери Гичева и Маја Ристеска со по шест реализации, но тоа не беше доволно за нешто повеќе против Вардар.

Ова беше победничко загревање за избраничките на Даниела Новеска пред гостувањето кај италијанскиот Бриксен во двомечот од ЕХФ Европскиот Куп.