Полскиот Вибжеже Гдањск приреди големо изненадување на стартот на групната фаза од Лигата на Европа, откако славеше среде Германија против Гумерсбах со 38-34.
Гостите со предноста од 10-5 на стартот покажаа дека се дојдени по бодови во Германија, но како одминуваше времето така Гумерсбах се враќаше во егал, а по 17-17 во финишот, Видарсон и Рогановиќ успеаја со два врзани гола му донесоа предност на паузата на домашниот тим, 19-17.
Наместо да продолжат во ист стил, Гумерсбах дозволи полскиот состав да ја преземе контролата. Најпрво Вибжеже, предводен од голманот Зембрицки за петнаесетина минути стигна до реми, 26-26, а потоа и поведе.
Шрулоф и Рогановиќ почнаа да промашуваат, Вибжеже погодуваше и на осум минути до крајот беше плус пет за избраниците на Патрик Ромбел, 33-28. Кога останува уште пет минути, беше 35-30 за гостите, а домашните останаа без Земан, кој доби црвен картон.
Сепак тоа не беше пречка за Гумерсбах, Душебаев намали на минус два, 36-34 на 90 секунди до крај, па Ромбел мораше да бара тајм-аут. Чаплински со гол за 37-34 ги реши сите дилеми и сега Вибжеже ќе го чека Еурофарм Пелистер во следното коло во победничка атмосфера.
Жембрицки имаше 11 одбрани на голот на Вибжеже Гдањск, додека Чаплински беше најдобар стрелец со осум гола. Кај Гумерсбах се истакнаа Рогановиќ со осум гола, по пет дадоа Халбак и Хоржен, а четири пати стрелаше Душебаев.
Вториот меч од групата Х се игра утре во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Ла Риоха од 20:45 часот.
Босанскиот првак Извиѓач исто така направи изненадување со триумфот над францускиот Шамбери со 34-33, а стрелец на победничкиот гол беше Стијовиќ на петнаесетина секунди до крајот.
Шведскиот Савехоф немаше проблеми против хрватскиот Сесвете, исто како и данскиот Холстебро предводен од засилувањето на голот – Густаво Капдевил со 16 одбрани, славеше убедливо на гости кај Карвина.
Романскиот Бузау и португалскиот Агуаш Санташ одиграа реми, 30-30. Двете екипи во текот на мечот пропуштија водство од по четири гола разлика, па на крајот мечот заврши со најреалниот исход – реми.
Лига на Европа, 1 коло:
група А
29/09, 20:45, Нексе – Сен Рафаел
29/09, 20:45, Елверум – Хамарби
група Б
30/09, 20:45, Бидасоа Ирун – Хафнарфјордур
30/09, 20:45, Лимож – Мадеира
група Ц
Извиѓач – Шамбери 34-33
30/09, 18:45, Кадетен Шафхаузен – ЧСМ Букурешт
група Д
Савехоф – Сесвете 34-27
30/09, 20:45, Татран Прешов – Бергишер
група Е
Бузау – Агуаш Санташ 30-30
30/09, 18:45, Фленсбург – Гранољерс
група Ф
Карвина – Холстебро 23-33
29/09, 20:45, Бенфика – Торелавега
група Г
Гумерсбах – Вибжеже Гдањск 34-38
30/09, 20:45, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
група Х
29/09, 20:45, Валур – Морс
30/09, 18:45, Татабања – Слован Љубљана

























