Дерби со двојно значење: Мате открива со каква цел Охрид доаѓа во Скопје!

Екипите на Вардар и Охрид по четвртипат во педесетина дена ќе играат меѓусебе, а вторпат на официјален натпревар.

Двапати победија охриѓани, во финалните средби на турнирите во Струга и Охрид, а во Супер Куп мечот славеше Вардар во драматичен натпревар.

Сега двете екипи ќе играат во дерби меч од Супер машката лига, кој ќе има двојно значење бидејќи резултатот ќе се важи и за Регионалната лига.

Десниот бек Доминик Мате очекува тежок натпревар во Скопје.

„Очекувам тежок меч, двете екипи се во добра форма. Вардар има добар тим, но ние имаме една недела добро да се подготвиме за натпреварот и да одиме во Скопје по два бода“, вели Мате.

Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра на 3 октомври во СЦ „Јане Сандански“ од 19:00 часот.