Eден Томовски (пре)малку, Битигхајм пропушти златна шанса!

Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски ги заврши настапите во Купот на Германија.

И покрај одличната партија на Томовски, неговиот тим загуби на домашен терен од второлигашот Минден со 34-32 и гостите се пласираа во осминафиналето.

Македонскиот чувар на мрежата имаше 13 интервенции со околу 30% на успешност, но ниту тоа не беше доволно за прогрес.

Сега за Томовски и Битигхајм во продолжение на сезоната останува да се концентрираат на настапите само во Бундес лигата.